Дома
Земјоделството е тешка и одговорна дејност.
Да се биде нaјдобар во агробизнисот во регионот не е едноставно.
Потребно е многу труд, квалитетни производи и услуги, како и љубов за тоа што се работи за да се биде најдобар. Само така може да се задоволат потребите на модерното земјоделство.
Затоа сме ние тука-ЕВРО СТИЛ ДОО БИТОЛА

Успешно работејќи повеќе од 10 години на македонскиот пазар, Евро Стил доо од Битола има една цел: да понуди широк асортиман на производи со најдобар квалитет, а со тоа да се задоволат потребите и на најпребирливите.
Лоцирана во срцето на земјоделието, Пелагонија, Евро Стил Битола секојдневно,напорно работи и го зголемува обемот на своето работење, така денес главна активност на фирмата е: увоз, извоз и дистрибуција на трактори, приклучна земјоделска механизација, опрема за млекарство, вештачки ѓубрива, опрема за шумарство и градинарство, пумпи за вода, генератори и уште многу други производи.
Сé што правиме, правиме за да бидеме во секој момент чекор пред другите.

Нашата визија е јасна: Евро Стил да биде компанија која е одговорна, иновативна, компанија на која може да ú се варува.
Најновите технолошки достигнувања во областа на земјоделието се наш предизвик, продуктивно и ефикасно земјоделско производство е Ваша цел.
ЕВРО СТИЛ БИТОЛА е тука за Вас да Ви помогне да ја остварите.
Добредојдени сте да нé посетите, ќе ни биде задоволство да ве услужиме.

ЕВРО СТИЛ-СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ!